More

    Трогателна порака од Киелце за полскиот новинар што почина во финалето

    spot_img

    Финалето од Лигата на шампионите во Ланксес Арена во Келн заврши во тажна атмосфера поради смртта на полскиот новинар Павел Котвица (51) кој работеше за регионалниот дневен весник Киелце Ехо Днија. Котвица доби срцев удар за време на финалниот натпревар меѓу Киелце и Магдебург и набрзо почина.

    Во тек беше 48.минута од натпреварот , Киелце водеше против Магдебург 22-20 кога Котвица колабира во новинарската ложа. Настана паника и мешаница, а официјалните лица набрзо потоа го прекинаа натпреварот. Официјалниот спикер ја објасни ситуацијата што предизвика аплауз за поддршка на 19.000 гледачи во Ланксес Арена.

    По дваесет минути пауза, натпреварот продолжи. Веста за смртта на полскиот новинар беше објавена по финалето во кое Магдебург по две продолженија го победи Киелце со 30-29 и по 21 година по втор пат стана европски шампион. Во знак на почит кон полскиот новинар беше откажана завршната прес-конференција и завршната прослава. Павел Котвица имаше 51 година.

    Клубот од Киелце со емотивна порана на социјалните мрежи му оддаде почит на овој ракометен стручњак, долгогодишен верен следбеник на повеќекратниот полски шампион:

    „Ќе се вратиме овде и ќе победиме, но никој нема да ни го врати Павел… Сочувство до семејството. Ништо не е поважно денес“.

    Киелце ја освои Лигата на шампионите во 2016 година, а во последните две години два пати по ред го губи финалето на Ф4 турнирот во Келн.

    фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img