More

    Рап легендата на Хјустон, Биг Поки, почина вчера на 48-годишна возраст, откако колабирал за време на настап во Тексас

    spot_img

    Рап легендата на Хјустон, Биг Поки, почина вчера на 48-годишна возраст, откако колабирал за време на настап во Тексас. Неговото вистинско име беше Милтон Пауел. Причината за смртта се уште не е објавена. Се чекаат резултатите од обдукцијата.

    „Со длабока тага ја објавуваме веста за смртта на нашиот сакан Милтон Биг Поки Пауел. Тој почина на 18 јуни 2023 година. Беше многу сакан од неговото семејство, пријателите и верните обожаватели. Ќе објавиме информации во наредните денови за тоа како ќе му оддадеме почест. Ве молиме почитувајте го неговото семејство и нивната приватност во овој тежок момент. Биг Поки засекогаш ќе биде „The Hardest Pit in the Litter“, изјави портпаролот на раперот за „ФОКС 26“.

    Тажната вест ја објави раперот Бан Би од Хјустон кој на Инстаграм го објави следново: „Скромен човек кој се однесуваше со чест и почит. Беше лесно да го сакаш, а тешко да го мразиш. Никогаш повеќе нема да биде истo и многу ќе ни недостасуваш. Те сакаме и те почитуваме. Почивај во рајот“, пренесува „Дејли мејл“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img