Наноси од земја, одрони, оштетени мостови…

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од настанатите поплави на 14.06.2003 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска Река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Поради излевање на Крива Река во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон село Варовиште и село Градец. Исто така, во село Пчиња, кумановско, има собрани дрвја и гранки под мостот на реката Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот, информира АМСМ.

Од ЦУК информираат дека патот Извор-Прилеп, кај селото Степанци во Општина Чашка е во прекин поради наноси од земја. За ова се известени ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и истите известуваат дека од понеделник ќе излезат на терен за санирање на патот.

Исто така, на локалниот патен правец кон селата Иванчишта и Ехлоец – Кичево има лизгање на земјиште, каде патот не е прооден. За ова се известени ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и истите се излезени на терен за санирање на патот.

Share This Article