Поради санкциите воведени против Русија, вработени во руската национална авиокомпанија „Аерофлот Ерлајнз“ во Хрватска добија отказ. Последниот лет на компанијата меѓу Загреб и Москва беше на 27 февруари.
По тој датум сите летови беа откажани, а сега и сите вработени во компанијата добија отказ, пишува порталот „Croatian Aviation“.
Според порталот „Индекс“, „Аерофлот“ во Хрватска има две филијали што работеа дури и за време на пандемијата од коронавирусот.
Се наведува дека пред украинската криза, руската авиокомпанија во Хрватска бележеше одлични резултати на летот Загреб – Москва.