More

    Поројниот дожд предизвика штети на повеќе места на Халкидики

    spot_img

    Дождот кој почна да паѓа синоќа околу три часот низ Халкидики, на некои места на крајбрежјето создаде вистински улични потоци.

    Грчкиот портал „Halkidikinews“ објави снимки од поплавите во овој регион, а снимката се споделува и на грчките социјални мрежи.

    Обилните дождови најпрвин почнаа да паѓаат над областите Северна Каликратија, Мудања и Касандра, од синоќа во три часот речиси до пладне, а утрото, според грчките медиуми, се пресели во областа Ситонија, како како и североисточно од Халкидики.

    На видеата на социјалните мрежи се гледаат улични порои, каде се снимени малку неверојатни сцени во кои водата носи гранки на пат кон брегот.

    Оштетена плажата во Никити

    Неколку плажи долж брегот во градот Никити претрпеа помали штети поради поплавите. Во Неа Мудања е снимено видео на кое се гледа како се поплавени неколку локали и куќи.

    Но, кога дождот престана околу пладне, на многу места полека сè се нормализира, а туристите кои сега се тука на море сведочат дека по врнежите отишле да пливаат.

    „Можете да пливате“, стои во описот на фотографијата на Фејсбук страницата „Greece Live“ на која се гледаат неколку капачи кои се враќаат од плажата во Сарти.

    Проблеми рано изутрината имаше поради поплавените патишта во Олинтос и Каливес, каде движењето на возилата на места беше отежнато.

    Противпожарната служба примила повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, вклучително и Солун и Халкидики, за испумпување на вода, отстранување на дрвја и за транспорт на луѓе на безбедно. Поплавени се и неколку патишта во регионот, поради што е блокиран сообраќајот.

    Во исто време, градоначалникот на Касторија, Јанис Коренџидис, побара прогласување вонредна состојба во неговиот град од страна на регионалниот гувернер на областа Западна Македонија, откако поројните дождови предизвикаа големи поплави, а исто така го погодија и земјоделското производство.

    Национална метеоролошка служба предупреди дека денеска се очекува дождот и невреме со грмежи и можна појава на град во повеќето области на Грција, вклучително и островите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img