More

    Фановите прашуваат каде е прстенот на Ноле?

    spot_img

    Никола Јокиќ го привлече вниманието на медиумите и јавноста поради начинот на носење на бурма на своите натпревари. Логично се наметна прашањето каде е бурмата на Новак Ѓоковиќ и зошто не ја носи.

    На секоја свадба, еден од најтрогателните моменти е кога невестата и младоженецот си ги ставаат венчалните прстени во знак на вечна љубов. Овој обичај датира од средината на минатиот век, а во денешно време се почесто се забележува дека мажите брзо ги вадат бурмите и никогаш не ги враќаат на прст.

    Некогаш е потребно, како во случајот со Никола Јокиќ кој поради правилата на НБА мора да го симне прстенот пред секој натпревар. Но Србинот нашол начин како бурмата постојано да ја држи кај себе, па ја врзува за врвката од патиката на левата нога.

    Некои се прашуваат – што е со венчалниот прстен на Новак Ѓоковиќ? Сите знаат дека српскиот тенисер не носи бурма на теренот, што е логично бидејќи тоа може да му пречи да го држи рекетот. Но, на некои снимки се покажа дека венчалниот прстен никаде го нема, ниту на левата ниту на десната рака.

    Одговорот на ова прашање пред извесно време го даде самиот Новак, бидејќи новинарите го прашаа за судбината на бурмата. Да потсетиме, тој и Јелена си разменија бурми на спектакуларна церемонија во Црна Гора, а на Свети Стефан се собраа не само семејството и роднините, туку и членовите на домашниот и меѓународниот џет-сет.

    – Свадбениот прстен го чувам во џеб од мојата тениска торба, која може да се затвори – откри најдобриот тенисер во светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img