More

    До 10 јули се очекува да завршат градежните активности на делницата Подмоље-Охрид и потоа да почне последната фаза за поставување еластични огради и одобрување на времениот режим

    spot_img

    До 10 јули се очекува да завршат градежните активности на делницата Подмоље-Охрид и потоа да почне последната фаза за поставување еластични огради и одобрување на времениот режим.

    Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид во изградбата на автопатот Кичево-Охрид побара поддршка од општината и од граѓанските здруженија да не ја кочат реализацијата на овој автопат.

    – Денеска сме на увид на дел од трасата од Подмоље до Охрид со цел овој автопат час поскоро да биде пуштен во функција. Тоа ќе значи зголемување на туризмот, подобрување на состојбите во Охрид, поврзување. Сметам дека ова е правиот начин како треба да работиме со зголемена механизација, со решени проблеми, со решена експропријација, со решени проектантски прашања. Денеска сите овие состојби се решени и она што е важно е дека до 10-ти ќе биде приспособена оваа трака и ќе се вози повторно по овој дел од автопатската делница. Сметам дека за главниот дел од туристичката сезона ќе биде приспособена оваа траса и убеден сум дека тоа е од значење за граѓаните, за градот, за туризмот и сите треба да дадеме поддршка за еден ваков прогрес и работа на терен – изјави министерот Бочварски.

    Ејуп Рустеми, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, соопшти дека ги претпријатието ги надминало сите проблеми на трасата, се репроектирале 72 нови проекти, нови клучки, нови пристапни патишта и завршени се повеќе од 3.500 експропријации.

    – Сега изведувачот има чист терен за работа. Сега кога е отворена цела траса правиме сериозни напори за поголема динамика за работа, за поголеми активности на трасата и очекуваме до 10 јули да завршиме со изградба на делницата од Подмоље до Охрид и да ги пуштиме во употреба за сообраќај двете ленти. Сега сме во постапка за набавка и на заштитна ограда која ќе се монтира веднаш по завршување на асфалтерските работи – изјави Рустеми.

    Автопатската делница Кичево-Охрид е дел од Коридорот 8 во должина од 57 километри, а инвестицијата е вредна 598 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img