Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за списанието Економист ги коментираше земјите кои помагаат и оние за кои смета дека не и помагаат на Украина во борбата против Русија.
Тој остро го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за неуспехот да обезбеди воена поддршка за Украина.
– Зошто? Затоа што се плашат од Русија. И тоа е тоа. А оние кои први велат дека ќе помогнат, први се плашат – истакна Зеленски.
Украинскиот претседател додаде дека „Германија се обидува да биде балансирана“.
– Тие имаат долги односи со Русија и ја гледаат ситуацијата низ призма на економијата. Понекогаш помагаат. Мислам дека се обидуваат да се прилагодат на ситуацијата како што се развива. Тие исто така гледаат како ситуацијата влијае на нивната земја. Можат да помогнат ако има притисок врз нив во државата за да го сторат тоа, и можат да престанат кога ќе видат дека тоа што го направиле е доволно – коментира Зеленски