More

    Мицкоски порача дека двете понуди од ВМРО-ДПМНЕ се јасни

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговиот говор на трибината во Гевгелија на тема „Борба против корупцијата и криминалот” од акцијата „Ова е Македонија за сите”, потенцираше дека дадени се два предлога до премиерот Димитар Ковачевски кои се јасни, но бидејќи оттаму има молк и лаги, тој го повика Ковачевски на дуел пред јавноста за сите да ја видат вистината и да прекинат лагите кои ги шири СДС.

    Мицкоски посочи дека првиот предлог е формирање на преодна влада која што ќе ги организира следните парламентарни и претседателски избори и тоа е важно за да нема премиер под диктат на ДУИ и Али Ахмети.

    Лидерот на опозицијата посочи дека треба да се заврши процесот сега, но да важи кога Македонија ќе биде членка на ЕУ, односно да ги завршиме успешно преговорите со ЕУ, да започне ратификацијата во парламентите на земјите членки, Македонија членка на ЕУ и тогаш кога ќе бидеме во истото заедничко семејство да важи овој процес.

    –  Македонија дел од ЕУ, тогаш може да има важечки уставни измени. Македонија нема да биде ЕУ, нема да има важечки уставни измени. И третата работа, која што е многу важна, а тоа е огромната победа која што ќе ја има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ по тие избори коишто ќе ги подготви оваа преодна влада. На ова не добив одговор од страна на Димитар Ковачевски – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img