More

    Драматична изјава на Вучиќ за ситуацијата на Косово

    spot_img

    Децата на возраст од 12 и 13 години се подготвени да умрат бидејќи на сите им е преку глава од косовскиот премиер Албин Курти, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ во драматичната изјава за ситуацијата на Косово за која посочи дека е „ужасно тешка“ – пренесува српскиот Н1.

    – Не можам повеќе да издржам физички. Не можам да спијам ниедна ноќ. Затоа што за разлика од вас, знам што се случува секоја вечер на северот на Косово. Буквално сè врие. Деца од 12-13 години се подготвени да загинат, што мораме да го спречиме. Доста им е од Курти – рече Вучиќ на прес-конференција по средбата со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.

    Српскиот претседател објасни дека претходната вечер деца на 12 и 13 години бркале полициски возила на косовската полиција.

    Кога станува збор за апсењето на тројца припадници на косовската полиција, за кои Србија тврди дека се специјалци уапсени на територијата на централна Србија, а Косово тврди дека се граничари кои биле зад административната линија, Вучиќ вели дека Курти со својата изјава признал дека биле таму каде што не смеело.

    – Важни се неколку работи, ако е точно сѐ што кажа Курти, тој самиот призна дека ги прекршиле сите норми на меѓународното право. Тој рече дека тие биле 300 метри во внатрешноста на административната линија. Немаат право да бидат таму. На километар мора да се пријават на КФОР 36 часа порано, според воено-техничкиот договор – рече Вучиќ.

    Ден претходно, Вучиќ го обвини Курти дека сака да предизвика војна и судир по секоја цена.

    – Ние сме на крстопат дали ќе имаме мир или не. Не благодарение на нашата намера да нема мир, туку благодарение на тоа што на Балканот има еден човек кој сака да предизвика војна и конфликти по секоја цена – станува збор за Албин Курти – рече Вучиќ во Дневникот на РТС, коментирајќи ги настаните на Косово по апсењето на косовските полицајци, како и забраната за увоз на српска стока на Косово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img