More

    Државата го намалува рокот за намирување на обврските кон приватните компании и тој постепено ќе се сведе на 30 денa

    spot_img

    Државата го намалува рокот за намирување на обврските кон приватните компании и тој постепено ќе се сведе на 30 дена. Од сегашните 60 дена рокот првично се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 дополнително ќе се намали за уште 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година истиот ќе биде 30 дена. Законските измени со кои се регулира ваквата обврска го подготви Министерството за финансии, а го усвои Собранието во рамки на 117. седница.

    Со донесениот Закон се скратуваат роковите во коишто субјектите од јавниот сектор, чии сметки се во рамките на трезорот на Министерството за финансии, како и трезорот на Фондот за здравствено осигурување, се должни да ги поднесат барањата за плаќање на достасаните фактури кон економските оператори до трезорот на Министерството за финансии и до трезорот на Фондот за здравствено осигурување, како и роковите во кои Министерството за финансии, односно Фондот за здравствено осигурување ќе ја вршат исплатата на средствата на кои гласат доставените фактури.

    Скратување за 30 дена има и на плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, кои сега се 90 дена. Со предложените измени се предлага од обврски на овие субјекти да се плаќаат за 80 дена, од јануари 2024 година за 70 дена, и од јануари 2025 година за 60 дена.

    Со законските измени рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор се сведува на 30 дена. Односно, предвидено е постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што, од 60 дена рокот првично се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 дополнително ќе се намали за уште 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година истиот ќе биде 30 дена.

    – На ваков начин се создава предвидливост за компаниите и се подржува ликвидноста на стопанството. Тоа особено е значајно за компаниите во услови на економска криза – оценува министерот за финансии Фатмир Бесими

    Измените претставуваат усогласување со Директивата 2011/7/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 16 февруари 2011 година за сузбивање на задоцнето плаќање при трговски трансакции, каде роковите за измирување на обврските на субјектите од јавниот сектор се 30 дена, а во здравствениот сектор се ограничени на максимум 60 дена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img