Репрезентацијата на Хрватска се пласира во финалето на Лигата на нации, откако по продолженијата ја совлада Холандија со резултат 4:2. Апсолутен херој на големиот хрватски триумф беше ветеранот Лука Модриќ, кој одигра спектакуларен натпревар.
Хрватскиот фудбалер во септември ќе наполни 38 години, но тоа сепак не го спречува да игра на највисоко ниво. Напротив…
Тој на вчерашниот меч ја предводеше хрватската репрезентација полни 119 минути, а во 116.минута со погодок ја запечати голема победа против Холандија во Ротердам (4:2 по продолженија) за пласман во финалето на Лигата на нации.
По мечот, како и секогаш кога игра Хрватска, тој беше најголемиот магнет за новинарите, а особено беа импресионирани Холанѓаните.
Еден од нив се пошегува со ѕвездата на Реал Мадрид.
– Дајте ми, ве молам, да го проверам пасош. Неверојатно е да имаш 37 години и вака играш и да трчаш 120 минута – со неверување рече новинарот на холандската државна телевизија NOS.
Модриќ се изнасмеа на забелешката и во шега му одговори на холандскиот новинар дека годините се точно тие.
– Нема проблем! Ако сакате ќе ви го покажам пасошот по интервјуто. Да, мојот пасош покажува дека сум стар колку што рековте. Што да се каже… Навивачите ми даваат толку многу љубов и почит и затоа и на овие години ми е вистинско задоволство да играм – изјави Модриќ.