Во стан на Баново Брдо во Белград синоќа биле пронајдени безживотните тела на полицаецот Д.Ј.(42) и на неговиот деветгодишен син.
Како што пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи на Србија, покрај безживотните тела било пронајдено проштално писмо.
Полицијата се сомнева дека се работи за убиство и самоубиство. МВР на Србија продолжува да работи на утврдување на сите околности и факти за овој трагичен настан.