More

    Цените на акциите во благ пораст трет ден по ред

    spot_img

    Цените на акциите на европските берзи се во благ пораснаа трет ден по ред, но тргувањето е претпазливо додека се чекаат одлуките и пораките од шефовите на Aмериканската централна банка (FED).

    Порастот на цените на европските берзи се должи на ублажувањето на инфлацијата во САД. Цените на акциите пораснаа на Волстрит во вторник, бидејќи новите податоци покажаа дека инфлацијата во САД дополнително се намали.

    Имено, во мај, потрошувачките цени се зголемени за 4% во однос на истиот месец лани, што е значително помал раст во однос на 4,9 % еден месец претходно. Ова е и најниската стапка на инфлација во повеќе од две години, па инвеститорите се убедени дека челниците на FED нема да ги зголемат каматните стапки за време на дводневната седница, која завршува денеска.

    Неколку функционери на FED во последните недели изјавија дека можеби ќе треба да се паузираат од постојаното зголемување на каматните стапки што трае од почетокот на минатата година, додека не се види колку претходните зголемувања влијаеле на инфлацијата и на економијата.

    Пазарот на пари во моментов проценува дека има повеќе од 90% шанси претставниците на FED да ги остават каматните стапки непроменети на оваа седница, во опсег од 5% до 5,25%. Но, бидејќи основната стапка на инфлација, која не ги вклучува цените на храната и енергијата, сè уште е многу висока, повеќето аналитичари веруваат дека FED уште еднаш ќе ги зголеми каматните стапки во јули, по паузата во јуни.

    На пазарот на пари се проценува дека има повеќе од 60% шанси за ова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img