Вчера почина Емир Џилдизлар, долгогодишниот ПР менаџер на Адико банка и експерт во областа на корпоративните комуникации, соопштија од Адико банка.
„Вчера почина нашиот драг колега Емир Џилдизлар, долгогодишен ПР менаџер на Адико банка и експерт во областа на корпоративните комуникации. Тешко е да се најдат зборови за утеха во овој момент, но имаме спомени од убави заеднички моменти и успешна соработка“, се вели во соопштението на банката.
Потоа додаваат:
„Заминувањето на Емир е огромна загуба за сите нас, за Адико банка Сараево, Адико Груп, целата банкарска заедница во која беше активен, како и за неговите колеги од областа на корпоративните комуникации. Нашите мисли и сочувство се со неговото семејство“.
Голем број пријатели испратија емотивни пораки и преку социјалните пораки.