More

    Пратеничката Василевска за најавите за поединечни разговори за уставните измени

    spot_img

    Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во разговори на темата уставни измени, ниту пак некој ќе му се јави на министерот Бојан Маричиќ, доколку тој и СДСМ, како што најави, тргнат да разговараат со секој еден пратеник од опозицијата – изјави Иванка Василевска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на радио Лидер.

    Имено, Маричиќ во свое гостување на телевизија рече дека, ако не продолжи дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ќе тргне да разговара со секој поединечен пратеник од опозицијата.

    – Не верувам дека кај мене ќе се јави вицепремиерот. Но, и да се јави кај било кој од колегите, мислам дека ќе го добие истиот договор. Мислам дека и претседателот Мицкоски кажа многу јасно ако е Димитар Ковачевски толку сигурен, нека го стави тоа на дневен ред во Собрание, нека се покаже, ќе се преброиме и ќе видиме колку сме и што сме – рече пратеничката Василевска.

    Таа нагласи дека веќе една година во Собранието неколку пратеници од владејачкото мнозинство се изјасниле дека нема да подржат уставни измени.

    – Тенка им е работата. Ќе ви кажам нешто што провејува во Собранието изминатите неколку месеци можеби и година. Неколку пратеници од владејачкото мнозинство децидно се изјаснија дека нема да го подржат тоа, дека тоа е против нивните принципи и убедувања. Значи, тие во нивното јато, во нивниот двор немаат единствен став, а не па сега ќе доаѓаат кај нас – рече Василевска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img