Поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски очекува ослободителна пресуда за „Софтвери“.
Повеќе од два часа денеска тој ги анализираше сведоците, доказите, редеше познати цитати, латински изреки, но не штедеше критики за работата на обвинителката па дел од излагањето го нарече „Обвинителката и 7-те теории“, потенцирајќи дека ги менувала тезите.
Тврдеше дека неговиот патент и софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот што е набавен во владата не се исти, односно дека не е точна тезата дека си го купил сопствениот патент.
Овој софтвер е имплементиран, функционален и не била предизвикана никаква предизвикана штета, тврдеше Рашковски.
Во однос на системот за биометриска идентификација за евидентирање на работно време во владата се повика на Европскиот парламент каде се користела биометријата.
Во владата одлучиле да воведат ваков систем и поради злоупотребите на вработените со картичките.
Рашковски уверуваше дека четирите системи за кои е обвинет биле законски набавени и дека тие се врв во технологијата.