Вчера заврши меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал кој се одржа во спортската сала „Зоран Стојановски“ во општина Ресен, на кој учество зедоа 16 екипи од повеќе општини.
Сакам да се заблагодарам на организаторите, екипите, играчите како и на сите оние кои придонесоа да се реализира и да се врати традицијата на одржување на еден ваков спортски настан во нашата општина.
Честитки за екипата на „АСП-ПАК“ од Охрид која го освои првото место.
Општина Ресен и во иднина ќе поддржува вакви спортски настани и манифестации.