More

    Јавноста ја обвинува, поранешниот сопруг ја брани и појаснува

    spot_img

    Холивудската актерка Меган Фокс често е на удар на американските медиуми поради начинот на кој ги воспитува децата. Деновиве актерката повторно е цел на критика со обвинувања дека синовите ги облекува како девојчиња.

    Хајката започна кога продуцентот Роби Старбак објави фотографија од Меган со нејзините синови, кои имаат долга коса, а на сликата еден од нив носи розова маица.

    Меган има три момчиња со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин, Ноа (10), Боди (9) и Џорни (6).

    -Ова се синовите на Меган Фокс, ние живеевме во иста затворена заедница и нашите деца играа во паркот. Видов дека две од децата доживуваат слом затоа што нивната мајка ги тера да носат облека за девојчиња, а дадилката се обиде да ги утеши. Чисто злоставувани деца. Молете се за нив“, напиша Старбак во објавата на социјалните медиуми.

    Неговите коментари одекнаа во анти-ЛГБТ заедницата, а набрзо реагираше и самата актерка која често зборува за воспитувањето на децата нагласувајќи го својот слободен пристап.

     

    -Не сакав да ти дадам внимание затоа што знам дека копнееш по него. Но, дозволи ми да те научам нешто. Без разлика колку си очаен во потрагата по пари, успех или слава, никогаш не ги користи децата како оружје во општеството, особено не со зли намери. Злоупотребата на моето дете за внимание за твојата политичка кампања те стави на погрешната страна на универзумот. Мене многупати ме спалеле на клада несигурни нарциси, импотентни човечиња како тебе. Се плеткаш со погрешна вештерка –  напиша  Меган Фокс во одговорот на Старбак.

    По обвиненијата за Меган Фокс и за воспитувањето на децата, се огласи и нејзиниот поранешен сопруг, актерот Брајан Остин Грин  во обид да ја открие вистината.

    Меган Фокс и Брајан Остин Грин се разведоа во 2020 година по речиси 10 години брак, но останаа во добри односи, пред се поради нивните деца.

    „Тоа е чиста глупост. Малку се оние кои навистина упатени во сето тоа. Јас сум и тоа како и ви велам, нема вистина во тоа. Само некој кому му требаат бодови може да тврди такво нешто и на кого навистина не му е грижа како тоа ќе влијае на односот меѓу родителите и децата “, изјави Брајан за TMZ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img