Од Мпабе до Том Брејди и Ибрахимовиќ, Хју Грант и Џонатан Бејли…Многу познати спортски имиња, но и филмски ѕвезди го следеа годинешното финале на Ролан Гарос и го поздравија историскиот успех на Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер го победи Каспер Рут и стигна до рекордната 23. Гран слем титула во кариерата оставајќи ги зад себе и Роџер Федерер и Рафел Надал.
Седумкратниот шампион во Супербол, пензионираниот бек на НФЛ, Том Брејди е еден од спортските великани, друштво во кое со последниот успех влегува и Новак Ѓоковиќ. Брејди го бодреше Ѓоковиќ од семејната ложа во Париз.
Голем број француски спортисти се појавија на Грен слем турнирот во Париз, вклучително и возачот на Формула 1, Естебан Окон, Лукас Хернандез и Бенџамин Павар од Баерн Минхен и Оливие Жиру од Милан, како и пензионираната НБА ѕвезда Тони Паркер.
Мечот го следеа и фудбалските ѕвезди Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен и новопензионираниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ. Но, и ѕвезди од шоубизнисот, како актерите Џејк Гиленхал, Хју Грант и Џонатан Бејли исто така беа забележани од камерите во големото финале.
Ѓоковиќ по триумфот ги поздрави сите, а посебен поздрав на српски испрати за својот пријател Златан Ибрахимовиќ.
„Ибро, со тебе се знаеме, ти си ми другар“ – рече Новак Ѓоковиќ во специјалниот поздрав за шведскиот фудбалер со босанско потекло.