More

    Веднаш да се отвори патот Подмоље-Охрид, Опозицијата против одлуката на централните власти

    spot_img

    Владата, министерството за транспорт и останатите надлежни институции, во очи на летната сезона донесоа скандалозна одлука за затварање на патниот правец Подмоље – Охрид, што ќе предизвика големи проблеми за локалното население, туристите и другите патници кои ќе транзитираат во овој регион – реагираше од име на ВМРО-ДПМНЕ пратеничката Грација Бакраческа.

    – Дефинитивно, ова ќе има негативен ефект врз туризмот, кој што е еден од главните двигатели на овој регион. Затворање на главната артерија, поточно влезот на Охрид и пренасочување на патот на стариот пат кој нема капацитет да го реализира напливот на сообраќај и возила во сезоната, е непромислен потег донесен од надлежните институции, без истите да размислат за последиците, како по безбедноста во сообраќајот, така и за успешноста на летната туристичка сезона на Охрид и охридскиот регион – рече Бакраческа.

    Таа потсетува дека власта имала 6 години за реализација и реконструкција на овој патен правец, но ништо не направила.

    – Сега, кога туризмот треба да биде во полн ек и да работи на привлекување на туристи и промоција на Македонија, власта се сети да покаже дека нешто работи. Но, дури и кога сакаат да покажат дека нешто работат, тоа не знаат да го направат исправно. Сакаме јавно да ги повикаме надлежните институции, на чело со Владата и министерството за транспорт, веднаш да ја стопираат и променат одлуката и да овозможат нормален проток на возила, барем во текот на летната туристичка сезона, а по нејзиното завршување да почнат со градежните активности на овој патен правец – рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img