Професорот Џеф Конте докажа дека луѓето кои постојано доцнат навистина имаат поинаква перцепција за времето.
Луѓето кои постојано доцнат често се оптимисти и нереални, а ваквиот начин на размислување влијае на нивната перцепција за времето. Тоа не го прават намерно, туку искрено веруваат дека ќе успеат да направат се што планирале и навреме да стигнат таму каде што треба. Но, тој план секогаш им дава неуспех и тие секогаш доцнат, објаснува Дијана ДеЛонзор во книгата Никогаш повеќе не доцни, пренесува 24 Hour.
Професорот по психологија Џеф Конте од Универзитетот во Сан Диего ја истражувал оваа тема. Испита два типа на личност – тип А (нетрпелив и конкурентен) и тип Б (креативен и опуштен). Тој ги класифицирал луѓето склони кон доцнење како тип Б.
Задачата на испитаниците од двете групи беше да се обидат да погодат точно колку време поминало. Луѓето од групата А кажаа 58 секунди, а луѓето од групата Б кажаа 77 секунди. Со ова тој докажа дека луѓето кои постојано доцнат навистина имаат поинаква перцепција за времето, односно немаат соодветно чувство за текот на времето.
Исто така, таквите луѓе не се лутат кога другите доцнат, бидејќи ја гледаат пошироката слика. Покрај тоа, тие се поспонтани, не се замараат за работи на кои не можат да влијаат, на пример, тоа што автобусот доцни. Затоа околу себе шират позитивна енергија, која е пријатна и за другите.
Луѓето кои доцнат знаат да ги спакуваат работите во торба пет минути пред поаѓање, да најдат сместување или лет во последен момент… Тие се оптимисти и не мислат дека нема да успеат во она што го зацртале, дури и ако успеат во последен момент.
Поради ова, тие можат да бидат поуспешни во животот и да имаат шанса да живеат подолго од луѓето кои никогаш не доцнат. Но, тие имаат и свои недостатоци, велат истражувачите.
Бидејќи не можат да го контролираат времето, често немаат контрола ниту врз парите, не се упорни, на пример, да ја завршат диетата што ја започнале. Тие живеат повеќе за сегашноста отколку за иднината, па штедењето за староста не им е силна страна.