Марјан Ѓорчев за барањата на Мицкоски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ЕУ има начин преку своите тела да го реши проблемот со Бугарија, а сè што е надвор од Копенхашките критериуми не треба да е услов за зачленувањето на Македонија. Уставни измени пред зачленување на земјава во ЕУ се класична уцена. Она што го бара опозицијата во моментов е легитимно барање и ЕУ треба да одговори правилно – смета поранешниот амбасадор и градоначалник Марјан Ѓорчев во „Тема на денот” на Сител телевизија.

– Ние тоа што го бараме е поддршка од ЕУ. Работи кои што не можат да бидат политички интерпретирани се културата, историјата и образованието, тоа е нешто што за кое што секоја држава има право да си го решава на начин за кој што постојат историски факти, за кои што постојат документи, за кои што постојат архиви. За тоа не би требало политиката да меша прсти и тука да имаме политички интерпретации на една или друга држава – истакна Ѓорчев додаде дека Македонија има дадено многу жртви за ЕУ, и многу реформи има направено.

Тој посочи дека е време Македонија да влезе во ЕУ, која има механизам преку своите работни тела да го реши проблемот со Бугарија.

– Бараме од ЕУ да ги почитува своите стандарди, Копенхашките критериуми и да го отстрани сето она нам што претставува пречка за нашето зачленување во ЕУ. Прашања кои што не се дел од Копенхагешки критериуми не треба да се коментираат и да се услов за зачленување во ЕУ – рече Ѓорчев.

Share This Article