More

    Оркестарот на Македонската Филхармонија денеска повторно одржа мирен протест пред Министерството за култура

    spot_img

    Оркестарот на Македонската Филхармонија денеска повторно одржа мирен протест пред Министерството за култура, бидејќи оттаму, сè уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот кој настана со одлуката новоформираниот Национален џез-оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија.

    Членовите на оркестарот во континуитет изминатите денови и недели бараат надлежните да ја повлечат оваа одлука, бидејќи според нив е неодржливо двата оркестри да функционираат како два посебни правни субјекти во една зграда, а во петокот првпат протестираа и пред Владата, свирејќи на своите инструменти пред зградата на извршната власт.

    Музичарите од оркестарот овој пат протестираа без своите инструменти, но со жолти картони во рецете, а пред Министерството ечеше снимена музика, композициите „Тешкото“ од Глигор Смокварски и 4 симфонија, 2 став од Бетовен. Филхармоничарите ги оставија жолтите картони пред зградата на Министерството и најавија „црвени картони“ за министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска доколку, како што рекоа, наскоро не се најде решение за овој проблем.

    Владимир Лазаревски, прв обоист и претседател на Синдикатот на Филхармонија, во своето обраќање на протестот го изрази незадоволството од, како што нагласи, манипулациите и лагите на Министерството за култура и Здружението на џез музичари, но и од опструкциите што во последниот период се прават врз Филхармонија.

    – Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое дури ја блокираше и сметката на Филхармонија, со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција. Не ни е одобрен финансов план на сопствената сметка, односно во превод, парите што ги имаме, не ни даваат да ги трошиме – истакна Лазаревски.

    Тој ја повика министерката за култура да каже зошто месец и половина ја лаже јавноста дека Министерството за култура немало никаква задна намера кога ја донело одлуката за формирање на џез-оркестарот и неговото привремено сместување во зградата на Филхармонија.

    – Бараме што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред сè, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение – велат вработените во Македонска филхармонија.

    Претседателот на Синдикатот на Филхармонија најави и дека вработените и раководството на Филхармонија ќе продолжат со протести и наредната недела пред Министерството за култура и пред Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img