Русите разнесоа и брана во регионот Доњецк

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руските сили ја разнесоа и браната на реката Мокри Јали, во регионот Доњецк, предизвикувајќи поплави од двете страни на реката, изјави за „Украинска правда“ Валери Шершен, портпарол на одбранбените сили на Фронтот Таврија.

– На реката Мокри Јали, окупаторите ја разнесоа браната, што доведе до поплавување на двата брега на реката. Сепак, тоа не влијае на офанзивните операции на одбранбените сили на фронтот Таврија, изјави Шершен – пренесе Индекс. хр.

Портпаролот тврди дека Русите со уништување на браните се обидуваат да ја забават украинската контраофанзива.

– Прво окупаторите ја разнесоа акумулацијата Карливка, потоа хидроцентралата Каховка, потоа ги разнесоа и другите хидроцентрали во окупираниот дел на регионот Запорожје. Во Запорожје очекуваа пробив на вооружените сили, па за да ни го забават напредувањето, ја разнесоа хидроцентралата на реката Мокри Јали, но тоа не влијаеше на напредувањето на одбранбените сили – рече Шершен.

Тој, исто така, кажа дека украинската армија на фронтот Таврија преминала од одбрана во напад. Ова ги донесе првите локални резултати во форма на ослободување на Блаходтна и напредување кон селото Урожаине.

Share This Article