Немаме капацитет да промениме политичка одлука на ЕУ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во услови на сериозни политички предизвици, како евентуалниот застој на европските интеграции, сметам дека најмалку што ѝ е потребно на оваа држава е да се исклучи ДУИ од учество во власта во државата, вели професорот по уставно право и политички систем, Александар Спасеновски во интервју за РСЕ.

На прашањето, дали е можно барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сега да се усвојат уставните измени, а да почнат да важат кога земјата ќе влезе во Европската унија, тој вели дека постоја два аспекти, технички и политички.

– Доколку се водиме од внатрешните аспекти поврзани со уставниот поредок на државата, можеме да заклучиме дека нема никаков проблем кои било измени на Уставот и кои било амандмани, вклучувајќи ги овие, да се усвојат на начин на кој тие би имале одложена примена. Впрочем, ние сме имале такви искуства и во минатото. Од друга страна, секако тука оваа техничка реалност се надоврзува на една политичка ситуација, а таа се поврзува со преземените политички обврски на државата. Минатата година, кога практично и отпочна овој процес на динамизирање на европските интеграции, според кој државата презема обврска да ги заврши уставните измени меѓу првата и втората меѓувладина конференција. Значи да заклучиме, од технички, од уставно-правен аспект не постои проблем кои било уставни измени, вклучувајќи ги овие, да имаат одложено дејство, одложена примена, меѓутоа тука се судруваме со реалноста на политиката, а тоа се преземените меѓународни обврски на владата според кои уставните измени треба да се реализираат меѓу првата и втората меѓувладина конференција – вели Спасеновски.

Сепак, нагласува тој, ниту заклучоци на Советот на Европската унија, ниту еден меѓународен договор е целосно непроменлив, а познати се и ситуации на ревизии, на промени, на адаптирања на преземените меѓународни обврски.

– Меѓутоа следејќи ја реалноста на меѓународната политика и партикуларната сила на државата во којашто ние живееме, на Република Македонија, мора да кажам дека мали се шансите, мала е извесноста дека оваа држава, политичките елити, политичките партии имаат капацитет да променат политичка одлука на ЕУ – вели професорот по уставно право.

Share This Article