Новите резултати на една од досега најголемите студии за е-цигари која го анализираше водечкиот бренд на БАТ, Vuse, се објавени во весникот Интерна и итна медицина.
Студијата ги споредува клиничките мерења помеѓу потрошувачите кои исклучиво користат Vuse и пушачите. Резултатите од студијата покажуваат дека учесниците кои користеле Vuse во споредба со пушачите, имале поповолни разлики во биомаркерите за изложеност (BoE) и биомаркерите за потенцијална штетност (BoPH) релевантни за болести поврзани со пушењето.
Корисниците на Vuse покажаа значително ниски биомаркери за изложеност на примарни токсини од чад од цигари според дефиницијата на Светската здравствена организација (СЗО). Податоците исто така покажале поволни разлики помеѓу корисниците на Vuse и пушачите во сите измерени биомаркери за потенцијална штетност, од кои три се статистички позначајни.
– Употребата на електронски цигари станува сѐ повеќе важна, бидејќи возрасните пушачи сѐ повеќе бараат алтернативни никотински производи со намален ризик. Резултатите од оваа студија се важни за Vuse, БАТ и за потрошувачите, затоа што ни овозможуваат подобро разбирање за позитивното влијание на е-цигарите во споредба со пушењето. Истражувањето покажува јасна разлика помеѓу корисниците на Vuse уредот во споредба со пушачите и дополнително ја потврдува улогата на електронската цигара во намалувањето на штетите од пушењето. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои учествуваа и помогнаа во реализацијата на оваа студија. Ова е уште еден важен чекор напред на нашиот пат кон градење на подобро утре (A Better TomorrowTM) – рече д-р Џејмс Марфи, директор за истражување и наука во БАТ.
Електронските цигари се најмногу истражувани и прифатени алтернативни тутунски и никотински производи во светот. Научните податоци на БАТ за е-цигарите се објавени во повеќе од 80 рецензирани списанија и придонесуваат за доказите кои ја поддржуваат улогата на оваа категорија во намалувањето на штетност од тутунот. Иновативната „вкрстена студија“, која е една од најголемите студии за е-цигари, обезбедува клучни сознанија за влијанието врз здравјето при нивна употреба.
Vuse е водечки глобален бренд за е-цигари врз основа на пазарниот удел и прв глобален јаглеродно-неутрален бренд на е-цигари. Vuse е достапен на 33 пазари, со над 10 милиони потрошувачи во целиот свет.