Златан Ибрахимовиќ на 42-годишна возраст стави крај на фудбалската кариера, но многу љубители на фудбалот сметаат дека и покрај годините тој може да игра уште некоја година.
Тој впечаток се должи на изгледот на шведскиот ас кој и во петтата деценија изгледа како „терминатор“! И тоа не е само генетика или случајност.
Ибрахимовиќ со години не го менува начинот на исхрана, со строги правила што не внесува во своето тело.
Иако вообичаено, најпрво се помислува на месото, Ибрахимовиќ не се откажува од оваа храна. Тој првенствено консумира пилешко бело месо, а понекогаш на неговото мени има и сушено говедско месо. Има и овошје и зеленчук, а без разлика што во Италија се јадат најдобрите пици и тестенини, тој јаде тестенини само во посебни прилики.
Ибрахимовиќ ги крши строгите правила само кога не е во тек фудбалската сезона., во текот на летото, кога јаде нешто „поопуштено“. Интересно е и тоа дека Ибра си дозволувал еден оброк надвор од шемата само кога ќе победел неговиот тим. Но, и во такви ситуации, водел сметка за количината и за производите што гу консумира.
Секако, не претерува со јаглехидратите бидејќи сака неговата тежина да биде помеѓу 92 и 94 килограми. Тој ги почитува советите на италијанските нутриционисти кои му предложија додека играше во Јувентус, а тоа е осум бадеми дневно бидејќи тие се богати со магнезиум и здрави масти, пишува „Дејли мејл“.
Во минатото, Швеѓанецот имал проблеми со луѓе кои се занимавале со храна во клубовите за кои настапувал, па според европските медиуми еднаш дури дошло и до кавга меѓу него и готвачот во Париз. Наводно, Златан бил многу лут поради недостиг на свежо овошје и зеленчук во тренинг центарот на ПСЖ, на што готвачот одговорил дека не можат да си го дозволат поради ограничениот буџет за храна во клубот?! Ибро, се разбира, не бил задоволен со тој изговор, па го испратил готвачот да оди во локалната продавница и да му донесе свежи производи.