More

    Четири мали деца и еден возрасен беа повредени во напад со нож во парк во градот Анеси на француските Алпи

    spot_img

    Четири мали деца и еден возрасен беа повредени во напад со нож во парк во градот Анеси на француските Алпи, соопшти француската полиција, откако првично објави дека шест деца се повредени.

    Животите на три жртви се во опасност – според британската агенција Ројтерс, станува збор за три деца, а според француската новинска агенција АФП, две деца и еден возрасен.

    Децата се на околу 3 години, соопшти полицијата.

    На социјалните мрежи се појави снимка на која, како што се тврди, се гледа како напаѓачот бега низ паркот.

    Полицијата соопшти дека осомничениот Абдалмасих Х.(32) е сириски бегалец кој легално влегол во Франција. Тој поднел барање за азил на 28 ноември 2022 година.

    – Сѐ уште не се јасни точните околности на нападот. Безбедносните сили беа брзо испратени на местото на настанот – рече Дарманин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img