Во австриски Тирол, во средата вечерта избувна пожар во планински тунел во ноќен воз на пат од Инсбрук кон Амстердам. Според властите, поради пожарот од возот биле евакуирани 151 патник, од кои на 33 им била потребна лекарска помош.
Како што објави Австриските железници (ÖBB) на Твитер, пожарот во железничкиот тунел Терфенс избувнал поради оштетување на електричната мрежа за возовите. Според првичните информации, се запалиле едно или повеќе возила на автопревозник.Според австриската агенција АПА, околу 20 пожарникари пристигнале на местото на пожарот и помогнале во евакуацијата на патниците.
Сите 151 патник се евакуирани од возот. Од нив, на 33 им била потребна лекарска помош поради полесни повреди или вдишување чад. Повредените патници се пренесени во блиските болници, додека останатите со автобус се пренесени во Инсбрук.