Ана Курникова, некогаш една од најсексапилните спортистки на планетата, ја отфрли сета слава и популарност што ја стекна за време на нејзината тениска кариера и ја замени со мирен, семеен живот.
Атрактивната Русинка некогаш беше тинејџерска тениска сензација со светот пред нејзините нозе, нејзиното име беше најпребаруваниот термин на Гугл, а сега на 41-годишна возраст живее живот далеку од очите на јавноста, концентрирана на семејството.
Тениската кариера ја започна на само 14 години и брзо стана миленичка на јавноста. На теренот пленеше и со талент и со убавина, но по само седум години поминати во „белиот спорт“, реши да се пензионира иако од неа се очекуваше да има долга и блескава кариера.
Нејзиниот најдобар пласман во кариерата беше осмото место на АТП листата, а никогаш не стигна до финале на еден од Грен слемовите во сингл конкуренција, но и покрај тоа се прослави низ целиот свет.
Нејзината популарност донесе гостинска улога во популарниот серија „Пријатели“, магазинот FHM во 2002 година ја прогласи за најсекси жена на светот.
– Да се биде во центарот на вниманието од детството беше навистина тешко. Чувствував притисок кога луѓето кажуваа работи како: „Преубава си, не можеш да играш“. Станував толку нервозна и вознемирена на теренот што не можев да се движам – се присети неодамна Курникова во изјава за „Дејли стар“.
Во тандем со Мартина Хингис, таа двапати го освои Австралија Опен и стигна на врвот на тениската АТП листа во конкуренција на двојки, но проблемите со грбот на крајот ја натераа многу рано да ја заврши тениската кариера.
Но, нејзиниот статус на славна личност не исчезна со нејзиното заминување од тениската сцена и ѝ донесе удобен живот во годините што следеа по нејзината спортска кариера. Набрзо потоа дојде бракот со еден од најпопуларните пејачи на денешницата, Енрике Иглесијас, кого го запозна кога се појави на снимањето на спотот за неговата песна „Escape“ од 2001 година.
Тие почнаа да се забавуваат и набрзо ги добија близнаците Николас и Луси во 2017 година, а во 2020 година Курникова се породи по трет пат и ја доби ќерката Мери.
Иако е мајка на три деца и веќе навлезе во петтата деценија од животот, според објавите на социјалните мрежи, може да се види дека Ана Курникова и понатаму плени со неверојатна убавина.
Иако е среќна што повеќе не е една од најгугланите луѓе на планетата, таа со задоволство се навраќа на нејзините помлади денови. Како што и самата признава, понекогаш мисли дека не се работи за истата личност:
– Навистина е чудно, се чувствувам како тоа да не ми се случило мене затоа што беше многу одамна. Кога имав 16 години веќе се занимавав со сите тие коментари. Тоа беше интересен начин на растење – изјави Курникова.