Украинските војници биле сведоци како руски војници ги однела поплавите и како бегаат од источниот брег на реката Днепар по уривањето на браната Нова Каховка, изјави офицер на украинските вооружени сили.Многу руски војници беа убиени или ранети во хаосот, рече тој, според Си-Ен-Ен.
„Околу 3 часот по полноќ непријателот ја разнесе хидроцентралата Каховка за да го подигне нивото на водата и да ги поплави приодите и левиот брег на реката Днепро, како и населените места кои се наоѓаат таму, со цел да се спречи напредувањето на украинските сили во иднина“, изјави Андреј Пидлисни, капетан на украинската армија. Тој смета дека „никој од руска страна не успеал да побегне. Сите полкови што ги имаа Русите на таа страна беа потонати“.
Тој смета и дека поради наклонот на тлото на источната страна на реката, на која се наоѓа, руската армија претрпела сериозни удари со пробивање на браната. Неговата единица можеше да го набљудува развојот со помош на беспилотни летала и војници на местото на настанот.
Потопени се и непријателските позиции на самиот брег на реката, додаде тој. Тој вели дека позициите на руската армија не се само ровови, „туку и обични куќи на цивили во кои живееле“.
„Руските единици кои беа во опасност можеби не беа предупредени, веројатно за да се зачува елементот на изненадување“, рече Пидлисни.