More

    Мицкоски му се обрати на Ковачевски пред лидерската – Изборот не е интеграција или изолација

    spot_img

    Пред утрешната лидерска средба со премиерот, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја нарече измама тезата на Димитар Ковачевски за интеграција ако се усвојат уставните измени, во спротивно земјата ќе биде изолирана.

    Тој вечерва од Прилеп, ја критикуваше власта дека и недостига капацитет за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за суштинските прашања.

    Мицкоски рече дека е голема грешка што овие години крупните одлуки кои беа носени без единство и целосна согласност на опозицијата.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека покажува сервилност пред светот.

    – Ковачевски како премиер да побара од истата Европска унија, Бугарија да примени барем неколку од над десетината правосилни пресуди од судот за човекови права кој нотира кршење на правата на Македонците во Бугарија – кажа Мицкоски.

    Упатувам апел за национално единство кое и треба на Македонија. Време е да се обединиме околу најважната работа, а тоа е како да опстоиме како држава и како да почнеме да победуваме така што ќе ги оствариме стратешките ионтереси важни за сите граѓани, рече Мицкоски на вечерашната трибина на плоштадот во центарот на Прилеп што ја организираше партијата на тема „Современи политики за развој на земјоделството“, а во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“.

    Тој истакна дека Македонците 32 години постојано губат и таквото поразително чувство преминува во фрустрација, а таа е последица на корумпираните политички елити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img