Заменичката на министерот на здравство, Маја Манолева, не се согласува со одлуката и начинот на разрешување на досегашниот директор на Клиниката за кардиохирургија, професорот Сашко Јовев од функцијата.
Таа за Канал 5 изјави дека сите одлуки треба да се базираат на факти и аргументи, наведувајќи дека не ги знае причините зошто министерот Фатмир Меџити се решил на ваков потег.
– Не се соогласувам ниту со одлуката за разрешување, ниту пак со начинот на кој беше разрешен. Сите одлуки треба да се базираат на факти и аргументи. И како човек и како носител на јавна функција, дотолку повеќе што не ги знам причините за разрешувањето на професорот Јовев – истакна Манолева.