Повеќе од 17.000 луѓе досега се евакуирани од поплавените подрачја откако браната Каховка беше делумно уништена, изјави главниот украински обвинител Андриј Костин.
– Повеќе од 40.000 луѓе се во опасност од поплави – нагласи тој.
Костин рече дека уште 25.000 луѓе треба да бидат евакуирани на страната на реката Дњепар која е окупирана од Русите.
Украинскиот претседател Зеленски рече дека браната е „минирана од руски окупатори“, кои ја „разнесоа“
Москва го негира ова и тврди дека Украина ја оштетила браната во „намерен чин на саботажа“.
Вонредна состојба е прогласена во областа Нова Каховка, а нивото на водата се искачи на повеќе од 11 метри.