Владатана денешната редовна седница го назначи Зоран Трифуновски за нов в.д. директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ – Скопје“.
Трифуновски доаѓа на местото на досегашниот директор Хари Локвенец, кој претходно денеска изјави дека поднел оставка од функцијата. Оставката, како што изјави за МИА, ја поднел од лични причини.
„Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на ЈП за железничка инфраструктура ‘Железници на РСМ – Скопје’, да го разреши Хари Локвенец од должноста директор, на негово барање“, се наведува во соопштението по денешната седница на Владата.
Хари Локвенец беше на директорската позиција на ова Јавно претпријатие од ноември 2020 година.