Пејачката и актерка Џенифер Лопез го разгледуваше мебелот за новиот дом во широкa тексас кошула-фустан и изгледа многу женствено и во овој практичен и удобен модел.
Латино дивата има карактеристичен моден стил и користи смели комбинации кои ретко кој може да ги носи.
Џенифер Лопез сака да експериментира со бои, материјали и кроеви, а вчера уште еднаш покажа неверојатно чувство за мода кога беше фотографирана како купува мебел во Холивуд за нејзиниот нов дом, за кој таа и нејзиниот сопруг Бен Афлек платија неверојатни 60 милиони долари.
Таа со својата дневна комбинација инспирираше многу дами и покажа како можете да изгледате женствено и сензуално дури и во „вреќа“ парче.
За шетање и разгледување на мебелот, Џенифер избра тексас кошула-фустан од Валентино, кој се продава по цена од 4.700 долари.
Има директен крој и широки ракави што му дава „баги“ и опуштен ефект, но она што му дава женственост се смелите шлицови на средината, но и од двете страни кои ги откриваат нозете.
Џенифер Лопез ја спои оваа прекрасна кошула-фустан со кафени кожени чизми до колена и кафена чанта Гучи.
Пејачката го заокружи својот изглед со златни обетки и очила за сонце во стилот на 1970-тите, а косата ја носеше нагоре, оставајќи го предниот дел ноншалантно да ѝ паѓа по лицето.
Атрактивната Џеј-Ло уште еднаш постигна полн погодок со овој моден хит и покажа како само едно модно парче е доволно за беспрекорен изглед, но и дека и во „пошироки“ модели може да изгледа привлечно и женствено.