More

    Меџити негира дека д-р Јовев е разрешен поради одмазда

    spot_img

    Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска повтори дека нема политичка позадина во разрешувањето на директорот на скопска Кардиохирургија, д-р Сашо Јовев.

    – Апсолутно не. Секаде каде што ќе има злоупотреби, со мене како министер, ќе има и санкции. Затоа ве повикувам во 15 часот ќе има брифинг со новинарите и ќе бидете известени за сите детали – рече Меџити одговарајќи на новинарско прашање.

    Големи реакции во јавноста предизвика разрешувањето на Јовев, откако Меџити вчера соопшти дека „нема да дозволи директори кои седат и спијат по 5 и 10 години и немаат никакви резултати“.

    Според министерот, д-р Јовев е кадар на коалицискиот партнер СДСМ и тие ќе предложат друго име.

    – Ова се транзициски позиции и нема овде никој бесмртен да биде, ниту јас, ниту директорите. Ние сме тука нашите пациенти и нашите вработени да ги имаат најдобрите услови за лекување и за работа на вработените – кажа вчера Меџити.

    Јовев е познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија. Тој вчера во изјава за медиумите извести дека една од причините за неговото разрешување е што одбрал датум за јавен настан кој бил предложен од премиерот Димитар Ковачевски, а не од министерот Меџити.

    Директорското место на Кардиохирургија, неофицијално, ќе го преземе Ваљон Асани, интервентен кардиолог од Тетово, кој воопшто не е кардиохирург, а кој ќе биде поставен по желба на министерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img