More

    Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година забележа раст од 2,1%

    spot_img

    Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година забележа раст од 2,1%, соопшти Државниот завод за статистика.

    Во првото тримесечје, поголем пораст е забележан во секторите –„градежништво“ од 12,7% и „трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“;  „транспорт и складирање“; „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 10,6%.

    Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје, номинално расте за 14,8%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69,0%.

    Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,7%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 1,4%.

    Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите, покажуваат податоците на ДЗС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img