More

    Јужната команда на украинските сили утринава соопшти дека руските сили ја урнале браната Нова Каховка

    spot_img

    Јужната команда на украинските сили утринава соопшти дека руските сили ја урнале браната Нова Каховка.

    „Во моментов се разјаснуваат обемот на уништувањето, брзината и количината на вода, како и веројатните области на поплави“, објави командата на својата Фејсбук страница. Локалното население веќе се евакуира.

    Откако беше оштетена браната на хидроцентралата Каховка, нивото на водата почнува постепено да се зголемува, а веќе стигна и до некои населени места, пишува украинскиот портал Обозревател.

    На Нова Каховка нивото на водата е покачено за 10 метри, јави РИА Новости.

    Загрозени се и десниот и левиот брег на регионот Херсон, иако повеќе на левата страна, бидејќи е понизок.

    На десниот брег веќе е најавена евакуација на населбите Николаевка, Олхивка, Лвов, Тјагинка, Поњативка, Иванивка, Токаривка, Приднипрвске и делумно Керсон (островот Острив/Корабељ).

    Поради состојбата украинскиот  претседател Володимир Зеленски свика итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана.

    „Уривањето на хидроелектричната брана Каховка е само потврда за целиот свет дека (Русите) мора да бидат протерани од секој агол на украинската земја. Не треба да се остават ниту еден метар, бидејќи секој метар го користат за терор. службите работат. Ги повикав Националниот совет за безбедност и одбраната“ – напиша тој на Твитер.

     

    Секретарот на Советот Олексеј Данилов на Твитер исто така ја прокоментира состојбата.

    „Руското уривање на ѕидот од браната Нова Какховка е екоцид, но националните и регионалните власти работат на обезбедување на безбедноста на локалните жители“, напиша на социјалната мрежа Телеграм шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андриј Јермак.

    Тој додаде дека руските активности околу браната, исто така, претставуваат закана и за блиската нуклеарна централа Запорожје, без да наведе конкретни детали.

    Снимки од браната споделуваат и граѓани од Украина.

    Пукната брана може да ги поплави околните населби, вклучувајќи го и Херсон, кој украинските сили го ослободија кон крајот на 2022 година.
    Водата од акумулацијата го снабдува полуостровот Крим на југ, кој Русија го анектираше во 2014 година, како и нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, на север. Помага и во работата на хидроцентралата Нова Каховка.

    Уништувањето на браната дополнително ќе ги влоши сегашните енергетски проблеми на Украина, откако Русија ја таргетираше клучната енергетска инфраструктура неколку недели претходно оваа година. Тоа би го уништило и каналскиот систем кој наводнува поголем дел од јужна Украина, вклучувајќи го и Крим.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img