Актерот и поранешен гувернер Арнолд Шварценегер во новиот документарец на „Нетфликс“ за неговиот живот наречен „Арнолд“, зборуваше за моментот кога и рекол на својата поранешна сопруга Марија Шрајвер дека има дете, син Џозеф Баена, со нивната куќна помошничка Милдред Баена.
Тој рекол дека тогаш мислел дека Џозеф е син на сопругот на Милдред и затоа таа продолжила да работи за нивното семејство, но како што одминувало времето станувало се појасно дека тој е таткото.
„Тогаш само се запрашав: „Како да го сокријам ова?“, се сеќава актерот.
Шварценегер ѝ признал сè на сопругата дури во 2011 година за време на терапија со брачен советник, кој му рекол дека Марија мора да знае дека тој е татко на Џозеф.
„Мислев дека срцето ми застана. И тогаш ја кажав вистината. „Да, Марија. Џозеф е мој син. Тоа ја уништи“, опиша тој.
Аферата била откриена истата година и Шрајвер веднаш потоа поднела барање за развод. Во документарецот на Нетфликс „Арнолд“, Шварценегер ја нарече аферата својот најголем неуспех и рече дека ќе мора да живее со неа до крајот на својот живот.
„Му предизвикав преголема болка на моето семејство поради моето за*бување. Сите тие мораа да страдаат. Марија мораше да страда, децата мораа да страдаат, Џозеф, неговата мајка, сите“, рече тој. Тој додаде дека тој и Шрајвер сепак успеале да останат во добри односи.
Тој исто така рече дека Џозеф е голем човек и дека иако аферата била погрешна, тој не сака неговиот син да мисли дека не е добредојден.
„Џозеф стана извонреден млад човек“, опиша ѕвездата на „Терминатор“.
Да потсетиме, Марија Шрајвер неодамна за време на гостувањето во подкастот „Making Space“ со Хода Котб призна дека по разводот со актерот отишла во манастир. Таа зборувала за тоа колку ѝ бил тежок процесот на развод. „Отидов во манастир, затворен манастир, за да молчам“, изјавила таа.
Марија, телевизиска новинарка и внука на претседателот Џон Ф. Кенеди, беше во брак со Арнолд 25 години. Тие се разведоа во 2011 година, а заедно имаат четири деца. Шрајвер моментално работи за „Ен-би-си“.