Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу е снимен како води состанок на Aрмијата, што е негово прво прикажување во јавност по повеќе од две недели.
На снимката што ја објави руското Министерство за одбрана, Шојгу дискутира за воениот буџет и за достава на оружје на руските сили во Украина.
– Продолжуваме со предвремената испорака на оружје и опрема. Приоритет се високо прецизни оружја со долг домет, авионска опрема и одржување на подготвеноста на стратешките нуклеарни сили – вели Шојгу на снимката.
На состанокот присуствувал и шефот на генералштабот на руската војска Валери Герасимов, кој исто така некое време не беше виден во јавност.
Во медиумите имаше разни шпекулации за „исчезнувањето“ на Шојгу, дури и дека имал срцев удар.