Многу познати личности се одјавија од овој свет на своите 27 години, па оттаму и идејата да се „формира“ оној познат „Клуб 27“, преполн со звучни имиња од минатото.
Таму „членуваат“ ликови како Курт Кобејн, Џими Хендрикс, Џенис Џоплин, Џим Морисон, Роберт Џонсон, и кои уште не.
Но, сте се запрашале ли некогаш како би изгледале овие луѓе доколку сѐ уште беа живи?
Вокалот на „Нирвана“ сега би имал 56 години, а прилично возрасни би биле Морисон и Џоплин кои сега би дувале 80 свеќички на роденденската торта.
Ејми денес би имала 39 години, додека, пак, легендарниот Џими Хендрикс би имал 81 година.
Во продолжение, погледнете ги фотографиите: