More

    Српскиот патријарх в понеделник ќе ја интегрира ПОА во МПЦ-ОА

    spot_img

    В понеделник, на петти јуни, Духовден, во црквата Света Софија во Охрид официјално ќе се обединат Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Православната охридска архиепископија (ПОА), односно четворицата владици на ПОА, задно со свештениците ќе се вратат во МПЦ-ОА.

    Според информациите на порталот Религија, на заедничката богослужба ќе чиноначалствува српскиот патријарх Порфириј, а единствениот владика од ПОА кој ќе учествува во службата ќе биде новиот дељадровско-илинденски епископ г. Јоаким.

    На патријархот Порфириј ќе му сослужуваат архиепископот г.г. Стефан и тројцата владици на МПЦ-ОА кои отстапуваат делови од своите епархии за новите владици, а тоа се преспанско-пелагонискиот г. Петар, кумановско-осоговскиот г. Григориј и брегалничкиот г. Иларион. Со нив ќе служи и дебарско-кичевскиот г. Тимотеј, како домаќин.

    Од страна на СПЦ, гости ќе бидат морачкиот епископ Сава и топличкиот Петар.

    Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на државната телевизија МТВ.

    Интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА ќе финишира со заеднички ручек во Хотелот „Изгрев“ во Струга.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img