More

    Вицепремиерот Артан Груби не верува дека законите поврзани со „Бехтел и Енка“ ќе паднат на Уставен суд

    spot_img

    Вицепремиерот Артан Груби не верува дека законите поврзани со „Бехтел и Енка“ ќе паднат на Уставен суд, затоа што, како што рече, во нив го нема спорното работно време од 60 часа.

    – Нема да паднат на Уставен и не гледам причина зошто би имало иницијатива кога во Законот за работни односи го нема спорното работно време од 60 часа. Законското решение предвидува дека работниците кои ќе сакаат да работат прекувремено ќе мора да потпишат согласност и за тоа ќе мора да им се плати – рече Груби.Прашан зошто не е доставен договорот до Антикорупциската комисија во целост, тој рече дека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) добила редактирана верзија од компанијата „Бехтел и Енка“.

    – Договорот има клаузула за доверливост и за да се достави до медиумите, до ДКСК, до пратениците, освен до Јавното обвинителство, мора да има согласност од двете страни и од Владата и од конзорциумот. Тие ни доставија редактирана верзија која е доставена до ДКСК, а Јавното обвинителство има целосна верзија – додаде првиот вицепремиер, кој е главен координатор за изградба на коридорите 8 и 10Д.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img