More

    План од 4 точки ѝ следи на Македонија

    spot_img

    Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен во своето обраќање на Форумот на Глобсек 2023 во Братислава, Словачка, претстави нова иницијатива за Западен Балкан, порачувајќи дека „не е доволно да се каже дека вратата е отворена“ и дека „ЕУ, исто така, мора да преземе одговорност за приближување на земјите-кандидатки многу поблиску“.

    – Сакаме да го надградиме напредокот постигнат во последните месеци. Но, ние исто така сакаме да донесеме некои од придобивките од членството во ЕУ за луѓето од Западен Балкан веќе денес – порача Фон дер Лајен во своето обраќање на Форумот на Глобсек 2023.

    Ова, според Фон дер Лајен, до одреден степен е нов пристап за Европската Унија.

    – Ние не бараме само од нашите партнери да преземат нови чекори кон нас. И ние правиме голем чекор кон нив. Нашата заедничка цел е да го забрзаме нивното патување кон ЕУ. И за ова, ја приближуваме нашата Унија до Западен Балкан – порача Фон дер Лајен.

    Планот за раст што го предлагаме денес, посочи Фон дер Лајен, е изграден на четири столба: прво, да се доближи Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ, второ, да се продлабочи регионалната економска интеграција, трето, да се забрзаат фундаменталните реформи и четврто, да се зголемат претпристапните средства.

    – Сакаме однапред да му понудиме на Западен Балкан некои од предностите на членството. Но, тоа значи дека одредени барања за членство исто така треба однапред да се исполнат. Некои од реформите кои се дел од процесот на пристапување се клучни за довербата на инвеститорите. Размислете за градење независно и ефикасно судство, обезбедување здрави јавни набавки и засилување на борбата против корупцијата. Или размислете за енергетскиот пазар. Регионот на Западен Балкан има огромен потенцијал да се диверзифицира од руските фосилни горива. Но, треба да ја зголеми енергетската ефикасност, да ја засили диверзификацијата и да го забрза распоредувањето на повеќе обновливи извори – порача Фон дер Лајен.

    Западен Балкан, нагласи претседателката на ЕК, може да ги постигне и двете: енергетска независност од Русија и поблиско усогласување со Европската Унија за да го забрза пристапот.

    – Мојата последна поента е јасна. Ние сме подготвени да го поддржиме Западен Балкан со зголемено претпристапно финансирање. Постои огромна потреба од инвестиции во Западен Балкан. Овие инвестиции ќе го подобрат животот на луѓето. И тие исто така ќе го измазнуваат патот кон нашата Унија. Поради оваа причина, треба да ги зголемиме ресурсите посветени на Западен Балкан. Во овие турбулентни времиња, овој план од четири точки е вистинската понуда за Западен Балкан – изјави Фон дер Лајен.

    На Форумот на Глобсек 2023 во Братислава учествува и премиерот Димитар Ковачевски, кој имаше билатерлана средба со Фон дер Лајен, а преходно се обрати на панел на тема „Отворени патишта: Балканот се враќа во игра“.

    Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ сподели ставови за енергетските и политичките состојби и предизвици за државава и за регионот денешниот Македонски енергетски форум 2023, на кој учествуваше и претседателот Стево Пендаровски.

    Посочувајќи дека геополитичката криза ја продлабочи енергетската криза, поранешниот хрватски претседател рече дека се донесуваат тешки одлуки и членките на Унијата се подготвуваат за некое ново време.

    – Јас навистина ја поддржувам европската независност на енергијата, но начинот на кој таа сега се гради и убиецот на геополитиката, ја става Европа во позиција на некоја нова енергетска зависност со таа разлика што некои енергенси сега ги плаќаме четири пати поскапо. Тоа не е долгорочно решение и е закана за глобалната конкурентност на ЕУ. Разбирам дека Унијата мора да биде амбициозна во решавањето на прашањата за енергетска независност и дека секоја земја мора да ја одигра својата улога, но мора да биде и флексибилна, бидејќи различни земји имаат и различни енергетски околности и економска вистина. Ниедна земја во нашиот регион не би смеела да биде жртва на таа нова политика на енергетска независност која ја води Брисел, ниту сега ниту во следните 10 години – рече Месиќ.

    Според него, Европската Унија треба да препознае дека оваа транзиција создава нови проблеми и нова сиромаштија на ранливите европски земји во ЈИЕ и оти мора да прифати и своја одговорност.

    – Унијата би морала на земјите од ЈИЕ да им осигура еднаква и долгорочна помош на сите облици прилагодени на нашиот регион за нова енергетска независност. На тоа треба да се гледа првенствено како на вложување во економската стабилност во овој дел од Европа кое Брисел не знам од кои причини го гледа како простор од втора класа на геополитичка важност за својата стабилност. Тоа е погрешна хиерархија – наведе Месиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img