Кина во вторникот успешно лансираше вселенско летало со нов екипаж од тројца за својата вселенска станица, објавија државните медиуми.
Друг тим астронаути беше испратен во вселенската станица Тиангонг (Небеска палата).
Астронаутите полетаа со вселенското летало Шенжу 16 од вселенското пристаниште Џиукван на северозападот на земјата и беа пренесени во вселената со ракетата Long March 2F.
Тројца кинески астронаути – Гуи Хаичао, Жу Јангжу и Џинг Хаипенг – ќе однесат најмалку десет слики од африкански студенти до кинеската вселенска станица, за кои вселенската агенција соопшти дека ќе бидат прикажани на ѕидовите на станицата.
Кина утре го испраќа својот прв цивил во вселената
Меѓу тројцата астронаути е и научникот Гуи Хаичао од Универзитетот Беиханг, првиот цивил во кинеската вселенска историја.
Кинеската вселенска агенција (CMSA) објави дека по лет од околу десет минути, леталото Шенџоу-16 успешно се одвоило од носачот и влегол во претходно поставената орбита, а членовите на екипажот се во добра состојба.
Се очекува екипажот Шенжу-16 да остане на вселенската станица околу пет месеци.