Дали голманот Доминик Ливаковиќ ќе остане во Динамо или не е прашање на сите прашања.
На натпреварот во неделата на Максимир против Горица, Бад Блу Бојс извикуваа „Ливи остани“ од Север. Ливаковиќ по средбата изјави дека се уште не договорил ништо со никого и дека сепак ќе разговара со Динамо.
„Дали останувам во Динамо? Полека, се ќе средиме. Ќе разговарам со луѓето од клубот. Не се договорив со никого. Ми се допаѓа во Максимир, ќе седнеме да разговараме“, изјави тогаш Ливаковиќ.
Турските медиуми пишуваа дека Ливаковиќ се договорил со Фенербахче, а сега шпански Релево тврди дека се договорил и со Виљареал.
„Има усмен договор со Ливаковиќ. Недостасува само договор со Динамо околу висината на обештетувањето. Динамо уште бара 10 милиони евра, а Виљареал во моментов нуди околу седум. Преговорите ќе продолжат“, тврди Релево.