More

    Пендаровски се согласува со Јан Коп во врска со повлечениот проект

    spot_img

    Претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека целокупната постава на актуелниот Судски совет прилично, како што изјави денеска, „се избрука“ во очите на македонската јавност.

    – Мислам дека проблемот со Судскиот совет е многу поголем отколку тие двајца кои по мој предлог ги избра Собранието, јас тука бев само предлагач. За жал, целокупната постава на овој Судски совет прилично се посрамоти во очите на македонската јавност – рече Пендаровски на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали размислува да ги повика членовите кои тој ги предложи да поднесат оставка од морални причини.

    Коментирајќи го ставот на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп за тоа дека Судскиот совет е нелигитимно тело и кој стави во мирување проект од Холандија поврзан со Судскиот совет, Пендаровски рече дека е сосема коректна изјавата на амбасадорот, потенцирајќи дека би сакал да види и други амбасади во Скопје да ги повлечат своите проекти и пари кои ги даваат на невладини кои работат со, како што кажа, европски пари против Европа.

    – Во таа насока, мислам дека е сосема коректна изјавата на холандскиот амбасадор да повлечат еден проект кој имаа намера да го спроведуваат со членовите на Судскиот совет. Би сакал да видам, не само од холандската Амбасада, туку и од неколку други амбасади во Скопје да ги повлечат своите проекти и парите кои ги даваат не само на Судскиот совет туку и на неколку НВО и медиуми кои очигледно сите овие години наназад работат со европски пари, а против Европа – изјави Пендаровски.

    Амбасадорот Коп вчера во неделното интервју за Радио Слободна Европа соопшти дека Холандија ставила во мирување проект поврзан со Судскиот совет, кој, како што рече, стана нелегитимно тело.

    Прашан за состојбата на правосудниот систем, холандскиот амбасадор рече дека тоа е централно прашање, кое Холандија го следи внимателно.

    -Тоа е дел од поглавјето „основи“ кое прво се отвора, а последно се затвора и ќе остане од висока важност во целиот процес. Но, она што ние напротив го гледаме е дека сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој, а сега го имаме и случајот со Судскиот совет кој всушност стана нелегитимно тело. Тоа е многу сериозно и болно за гледање. И поради тој преседан, Холандија сега стави во мирување еден голем проект поврзан со Судскиот совет. Ситуацијата е многу сериозна – изјави Коп.

    Судскиот совет, пак, денеска ги отфрли како неосновани тврдењата на холандскиот амбасадор за изборот на новиот претседател на Судскиот совет.

    „Судскиот совет функционира законски и во согласност со надлежностите дадени во Законот за Судски совет, ова е заклучено на денешниот работен колегиум на кој се отфрлени како неосновани тврдењата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп дека новиот претседател на СС е избран во нелигитимна процедура и затоа се става во мирување четиригодишниот проект финансиран од оваа земја. Членовите потенцираат дека првиот човек на Судскиот совет е избран на седница со потребниот број на гласови утврдени во Законот за ССРСМ. Советот ги повика надлежните да ги испитаат сите сомнежи за корупција, а воедно потсетуваат дека Врховниот суд дополнително и во законска процедура ги проверува сите одлуки донесени за проверка за одговорноста на судиите преку жалбениот Совет“, се наведува во соопштението од работниот колегиум на членовите на Судскиот совет.

    Холандскиот проект, како што е посочено во соопштението, трае четири години и се состои од три компоненти: ефикасност, отчетност, транспарентност и регионална соработка и во моментот се наоѓа во третата проектна година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img