More

    Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште

    spot_img

    Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА потврдува дека сообраќајната несреќа се случила околу 13.00 часот меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистерски таблички.

    На самото место починал 62-годишен возач од Велес, кој управувал со пикап – возило со скопски регистерски таблички.

    Командирот на ТППЕ-Штип Дарко Коцев за МИА вели дека биле повикани се во 13.30 часот и учествувале во извлекување на повредени во камионот со беровски регистерски таблички, а во него имало возач и сопатник. Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница. Шестмина пожарникари учествувале во акцијата за извлекување на повредените од камионот кој превезувал жито.
    Со веста за несреќата регионалната телевизија „М Нет“ објави кратко видео од местото на несреќата на својот Фејсбук профил.

    Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштија дека поради сообраќајна несреќа од 12.50 часот во прекин е сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани. Полициски службеници го пренасочуваат по стариот регионален пат.

    На местото на несреќата се излезени увидна екипа на МВР и јавен обвинител.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img